За Нас

Интел телевизија e приватна телевизија која со својот сигнал е присутна во етерот од 4 јули 1993 година кога стартуваше со својата програма. Од тој ден до денес Интел ТВ го покрива Струмичкиот регион со општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, што подразбира повеќе од 100 илјади потенцијални гледачи.

Во изминатиот период, а и понатаму, Интел телевизија претставува фактор на навремено и објективно информирање на гледачите од овој регион, но истовремено со својот општо забавен формат, нуди најразлична програма со забавна, документарно-едукативна и информативна содржина.

About Us