Серии

Мојата слатка, дебела Валентина
 

About Us

Неверојатна приказна за една дебела девојка која го освојува срцето на младо, убаво момче. Приказната за Валентина, младата девојка со вишок килограми и огромна љубов во срцето, кое е големо колку нејзиното тело, ги освојува симпатиите на главниот машки лик, Орест, за кого таа отсекогаш сонувала, но никогаш не помислувала дека таа љубов ќе и се случи и во реалниот живот. Апетитите на нејзината роднина Олимпија, која сака да и ги одземе наследството и иднината, често пати ја прават Валентина жртва на големи понижувања, разни интриги и страдања. Сепак, Валентина ќе се бори и ќе се избори за правда и за расветлување на смртта на нејзините родители, како и да го поврати наследството кое тие и го оставиле, иако тоа може да ја стави во опасност нејзината љубов кон Орест. Кога ќе ги исполни тие цели, таа нема да запре, пред да ја поврати и љубовта.
 
"Мојата слатка, дебела Валентина" е латиноамериканска теленовела која се емитува секој ден од понеделник до петок во 18:45 и реприза во 11:45 часот.
 
Г-дин Бин (анимирана серија)
 

About Us

Животот е тежок предизвик за Г-дин Бин, кој и покрај тоа што е возрасен, има потешкотии при извршување и на наједноставните работи. За среќа, неговата упорност е најчесто наградена, а тој пронаоѓа оригинален начин да го заобиколи проблемот.
 
 
Истрага на местото на злосторството: Мајами
 

About Us

Од самиот почеток на прикажување па се до денес, Истрага на местото на злосторството: Мајами (CSI Miami) е една од најгледаните телевизиски серии во САД и светот. Синоним за криминалистичка серија која со своите детективски стории постави највисоки критериуми, а главниот во тимот, поручникот Кејн го издигна во култен детектив и највпечатлив лик од сите CSI серијали. CSI Miami ги раскажува случаите на тимот истражители од Јужна Флорида, кои користејќи ги најновите детективско - научни, како и класичните полициски методи ги решаваат најбизарните и најкомплицираните злосторства. И кога се чини дека шансите не се на нивна страна тие ги расплетуваат мистериите и ги фаќаат криминалците, штитејќи ги оние кои не можат да се бранат, жртвите.
 
 
Бура
 

About Us

Во серијата се зборува за Марина, чии откритија за непромисленостите на нејзиниот одмаздољубив поранешен шеф, ја натераа да најде работа во едно мало рибарско село. Таму таа го запознава Дамјан, сопственик на рибарскиот брод Бура, по што тие се вљубуваат еден во друг. Но се појавуваат љубоморни и амбициозни ривали, настојувајќи да ги уништат сите нивни можни надежи за среќа. Многу сплетки, тајни, љубов и омраза не очекува во новата мексиканска теленовела, во која настапуваат големи мексикански имиња. Во главната улога е миленикот на женската публика, Вилијам Леви кој ќе го гледаме со променет имиџ, а нему друштво ќе му прави Химена Наварете, поранешен Мис Универзум.
 
 
Забранета страст
 

About Us

Приказната се врти околу младата и убава Бјанкa, која живее со својата мајка, манипулативната и алчна Флавија. Бјанка смета дека мајка и го изневерува татко и со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш умира. Бјанка решава да и се одмазди на својата мајка така што ќе се омажи со богатиот Ариел за кого и нејзината мајка Флавија сонувала да се омажи. Ариел е дваесет години постар од Бјанка, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Мајами. По свадбата Бјанка се вселува во куќата на сопругот, но и покрај љубезноста на Ариел и големата грижа и љубов што и ја пружи, таа не е среќна со него. Кај младата и фатална Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, младиот и атрактивен внук на нејзиниот сопруг Ариел, кој живее во истата куќа, чувства кои е невозможно да се притајат и заборават...
 
 
Љубов на распуст
 

About Us

Тројца пријатели, Алекс, Матео и Пјер, веќе десет години имаат обичај да го минуваат летниот одмор на островот Ре во потрага по нови девојки. Оваа година две братучетки, Дафне и Синтија го привлекуваат вниманието на трите момчиња. Заплеткани, но романтични љубовни авантури кои ќе го направат ова лето посебно и вредно за паметење.
 
 
Блич
 

About Us

Блич е анимирана серија која ги следи авантурите на Ичиго Куросаки, откако тој ќе се здобие со моќите на богот на смртта. Неговите ново откриени моќи ќе го натераат да застане во одбрана на луѓето од злите духови, како и да ги води душите на мртвите во задгробниот живот.