Емисии

Призма
 
 
Контактно-информативна емисија во која гостуваат јавни личности од областа на политиката, културата, спортот. Уредник и водител: Зоран Георгиев.
Виножито
 
 
Колажна емисија од областа на културата и забавниот живот. Уредник и водител: Билјана Манојловска.
Аграр
 
 
Информативно-едукативна емисија од областа на земјоделството, шумарството и руралниот развој. Уредник и водител: М-р Игор Ивановски.
Естрада+
 
 
Најновите вести на естрадната сцена. Хумор, забава, трачеви, интервјуа... Естраден магазин, Естрада+. Се емитува секој ден од понеделник до петок во 12:45 и 22:10 часот.
Животински атлас
 
 
Животински атлас е 30-минутна едукативно-забавна емисија за животните во дивината. Во секоја епизода, Животинскиот атлас ве води на интересни патувања низ светот, во кои ќе се запознаете со најразличните видови на животни што може да ги замислите, нивниот начин на живот, како тие се хранат и опстојуваат во дивината. Документарната серија открива факти за животните кои досега и не сте ги знаеле.
Влези вози
 
About Us
 
Забавна емисија од областа на автомобилизмот во која гостуваат познати личности од Македонскиот јавен живот.
Спорт и околу спортот
 
 
Спортски вести. Се емитуваат секој ден од понеделник до петок во 18:00.
Уживајќи го секојдневниот живот
 
About Us
 
Уживај во секојдневниот живот, емисија со совети за живеење живот со цел и страст. Се емитува секој четврток во 19:40 и реприза во надела во 11:00 часот.
Македонија низ историјата
 
About Us
 
Документарна серија за историјата на Македонија од нашите почетоци па сè до денес. Се емитува секој ден од понеделник до петок во 16:20 и репризно во 08:35 часот..
 
Моја свадба
 
 
Свадба голема, весела, македонска... Дознајте повеќе за традицијата и обичаите во Македонската свадба, за организацијата во поглед на изборот на ресторан, декорација, покани, фотостудио, музика итн. "Моја свадба" е емисија во која гостуваат личности од јавниот живот, без оглед дали се во брак или не, сé додека имаат што да кажат на темата свадба.
Нешто ново
 
 
Музичка емисија, посветена на Македонската естрада. Се емитува секој четврток во 14:30.
Топ модели
 
 
Топ модели е реално шоу и интерактивен натпревар. Оваа емисија следи неколку жени и мажи кои се натпреваруваат за освојување на титулата "Следниот Американски Топ Модел", со што им се овозможува да ги започнат своите манекенски кариери. Домаќин на шоуто е супер моделот и телевизискиот лик Тајра Бенкс, која исто така е продуцент и водител. Шоуто го сочинуваат и судии односно стручно жири, кои ги критикуваат и го следат прогресот на натпреварувачите. Се емитува секоја сабота во 19:30 и реприза во четврток во 13:30 часот.
Фолк Топ 10
 
 
Фолк топ листа, со најдобрите македонски песни, од најдобрите македонски автори, и најдобрите македонски изведувачи... Гласајте за вашиот фаворит на www.artstudio.mk.
Младите се на потег
 
 
Емисија во соработка со младите од Црвен Крст - Струмица.
Наша сцена
 
About Us
 
Музичка емисија, посветена на Македонската естрада. Се емитува секој вторник во 14:30.
Дете талент
 
 
Дете талент е информативно-документарна емисија во која учествуваат деца од основно образование од цела Македонија кои постигнале натпросечен успех во некоја област: наука, уметност, спорт, хоби... Целта на емисијата е јавна пофалба и целосна афирмација како награда за постигнатиот успех, поттик и почит кон децата кои со многу труд и откажување од секојдневните краткотрајни задоволства се посветиле кон повисоки цели: најдобар или прв. Уредник и водител: Ивица Маринковиќ (Ивце Пивце).